ЖЕНА

Женскиот жар се наслонува
на тропските билки.
Нејзината песна ја знаат птиците.
Го разнесуваат од  исток  кон југ,
од север кон запад.
Ритмите се вкрстуваат. Нема досадување.
Паѓа длабоко во независност,
кога има време за тоа.
Се грижи за зборовите, обликот
и духот на вечерта.
Обезбедува тишина.
Знае да спие. Да ги подава рацете.
И верува силно во убавината на денот,
еластичноста на прамените и чистината на широчините.
Таа е како фустан од разноврсни ткаенини и бои,
Полна надеж кога си заминува.
Во срцето носи парче железо,
за да не биде се толку нежно
Нејзината молитва се очите
зелени, црни, смеѓи, сини,
и Бог знае какви се.
Излегува боса на дождецот,
мислејќи дека времето набрзо ќе се промени.
Не барај премногу од неа,
сама ќе го направи.
Има превез,
Портрет на душата
И татковината во штикли.
Верувај и , а таа ќе ти подари
Долг сончев момент.

 

АМИН


... Мојот живот лежи
помеѓу минатото и иднината

поетите гинат умираат треперат

се прости зборови на изразување чувства

некогаш сакав
да пишувам
поезија

да ги будам демоните
и тие мене

криејќи ги ангелите
под дланките со солзи
тој ужасен мраз на времето
ме заобиколи


МОЖЕБИ

Можеби си надарен
со талентот за славење
на сите светски чудесии.

Можеби психолозите од твоите искуства
направиле ред на патот
по промените во животот.

Сам во пустината
ја даруваш празнината
со болка.

Маршираш понатаму
кон залезот на сонцето
пронаоѓаш бордо чекори
од своите мисли.

Сакаш да се напиеш вода од сопственото битие.
Среде главата наоѓаш бунар
во кој пред раѓање ги сокри
Јововите маки.


А МЕНЕ НОЌВА НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ЗА БОЛКАТА


Баш ми е гајле за болката. Ја пушам третата цигара, кафето се оладило.
Небо, ноќва си добродушно, како ветрот кој ја носи мојата коса,
кон југ, среќа и крв, каде насмевката е важна исто како и ножот.
Се плашам за животот на мачката, која само што дојде однадвор
со згазено стапало. Се превртува од болка на мојот кревет,
а мене ноќва не ми е гајле за болката.
Зборувам и плачам, затоа што таква мирна мачка гледа железна врата,
низ која никогаш повеќе нема да може да пројде. Стара и немоќна. Мјаука
нејзиното мало срценце. Небо,  ти си слабо, а мене ноќва не ми е гајле за болката.
Умираме, гинеме...Косовка девојка плете плетенки на Косово поле.
Крв, крв... ах, таа црна крв.... Маршираат запалени знамиња, затоа што вечерва Косово
заминува   во далечината на несреќни спомени од кои никогаш нема да се извлече.
Војно! Смтру! Курво! Предавничке! Ние лежиме под пуста земја.
Нашите глави се означени со бел камен.  Бел како плахтот во кој сме внесени во дупката на пакоста.
Апсењата за нас се прескапи и драгоцени... за така обични смртници.
За чии глави нема место на полињата на  проколнатата  Југославија.
Мацо, душичке слатка! Не грижи се! Пепелта се сипува во пепелници,
а не по тебе. Ќе преживееш, како ние што преживеавме. Амин!

 

ОТСУТНОСТ

пренатрупан со мисли за среќа
пловиш зад хоризонтот на животот
оставајќи зад себе капија
на нормалноста
секојдневието на жиците

твојот облик пропаѓа низ зградата
без катови и луѓе
таму утре ќе постојат
искри на души во бетонот

потоа небото ќе ги обои
скршените прсти
во пределот за оставените


ИДЕАЛ

Што  тоа гори?
Оган и овошје.


Дали е тоа човек?
Голем огам.
Среќа.
1600 години Campo di Fiori.


Каков е тоа звук?
Ново откритие.


Гледај!
Црни крстови.


Каде оган гори?
Сонцето сјае.
Одат со кошара
овошје на главата


несреќниот ден.


Каде е тој?
Се насладува со овошје


среќниот  ден.


Зошто ништо не зборуваат?
Тоа е тој.


Еден идеал!


БИЛЕТ ДО ДОМА

Ве молам билет до дома.
Хм, билет до дома.
А каде живеете?
Дома.
Да, па знам.
Но каде е Вашиот дом?
Ќе изградам таму кула.
Симулант.
Што рековте – Зумбуланд?
Тогаш ве молам една карта за Зумбуланд.

 

Przekład na j. macedoński: Marlena Petrusheva

 

 

Биографија - Олга Лалиќ – Кровичка

Олга Лалиќ – Кровичка е  родена  1980. во Шибеник (Хрватска). Таа е апсолвент по  славистика на Универзитот Јагјелоњски во Краков (Полска) и е стипендист на Полското Министерство за Култура (2007) .
Објавувала во полските списанија, помеѓу кои се: "Kwartalnik Artystyczyny" , "Cogito",  "Dziś",  "Akant",  "Fraza",  „Gazeta Kulturalna”,  „Lamelli”,  "Pro Arte online",  "Protokół Kulturalny",  „Tygiel Kultury”,  во српското електронско списаниенза сатира "Etna";  во хрватското виртуелно списание за книжевност "Knjigomat"; во бугарскиот весник „Irin Pirin“, во српските  списанија „Gradini“, „Trećem trgu“,  „Aktu“,  „Balkanskom Knjizevnom Glasniku“...  
Олга Лалиќ – Кровичка е објавувана и во неколку антологии во Белград; како и во алманахот  "Stopama Crnjanskog" (Франкфурт, 2005) и во алманасите издадени во Кросна (Полска).
Пишува песни, кратки приказни, хаику и драми. Нејзините песни се преведенина англиски и бугарски јазик. Таа е лауреат на неколку книжевни награди. Се занимава со препев на поезија.
Во 2006 г. Ја објавува својата збирка поезија "Dzisiaj przyjdzie w brązowym"  (реиздание 2007 г.), и збирка на драми „Debiut pana Chwastowskiego” 2007 г. На полски јазик.
Редактор е на меѓународната веб страна www.poezija.com.pl.  Соработник е на полските списанија „Szafa”, „Radostowa”, „Nadwisłocze”, „Horyzonty”.

Живее и работи во Дукља (Полска).