Strona wykorzystuje pliki cookies, jeśli wyrażasz zgodę na używanie cookies, zostaną one zapisane w pamięci twojej przeglądarki. W przypadku nie wyrażenia zgody nie jesteśmy w stanie zagwarantować pełnej funkcjonalności strony!

Ermenkova Katja - wybrane przekłady na język macedoński.

Катја Ерменкова - Сандански, Бугарска

 

ГОЛЕМАТА РОЗА

Големата роза
на ветрот се виори –
ранета птица.
Лисјата ú капат
како крвта на птицата.
Доаѓа зимата
и врвовите на планините
ќе се покријат со снег.
Ќе заврне,
но големата роза нема крилја
и не може да одлета
во други земји.
Заврна.
Крвта на птицата
истекува
како што розата
си ја соголува главата –
лист по лист.
Ќе измрзне
розата без лисје
како жена без љубов.


БЕЛИ РОЗИ

„Парите од продадените рози ќе ги
помогнат гладните деца во Африка”
Натпис на тезга за продажба
на цвеќе во Холандија

Госпоѓице, ти која што поминуваш со
пуфестото кутренце низ огромниот плоштад,
купи си бела роза за црното дете.
Едно безаштитно дете
умира од глад во пустината.
Мувите го лазат
а мешето му – издуено
како балонче,
ќе се пукне и ќе одлета.

Госпоѓице со сладолед во раката,
купи си бела роза
за да го спасиш детево.

Една бела роза
може да го краси твојот дом
и тој да мириса на градина
кога ќе си го пиеш утринското кафе.
Една бела роза ќе ти приспомнува
на поседите на дедо ти
кога си трчала со долги плетенки (прцлиња)
и сребрени панделки во алеите со рози.
Госпоѓо, купи си бела роза
за да го спасиш детево.
Господине, пропушти едно кафе,
пропушти една цигара,
пропушти го мразот во попладневното виски
покрај каминот
и купи си бела роза.

Една бела роза плаче
со човечки солзи: „Купете ме, господо,
зашто јас сум откината,
но можам да му дадам живот
на едно дете што умира...”

Розите мирисаат на јасмин,
на јоргован, на диви темјанушки и јаглика,
на сите цвеќиња низ градините на целиот свет.
Кога ноќе се љубите
една бела роза ќе гори како свеќа
и ќе ви ја осветлува љубовта.

Реките се полни со крокодили,
пустините со змии,
а воздухот со микроби,
животот со смрт, заситеноста – со глад.
Госпоѓице, купи си бела роза
за да го спасиш детево
што лежи полумртво.

Оченцата му се затвораат,
по устичката му лазат муви
и гладот е пострашен од змија
која бара млеко од неговите усни,
но ќе најде само песок
и ќе одмине.

 

Препев од бугарски ИВАН ТОПАЛСКИ

Dodatkowe informacje